Фотографија на денот: Лебеди на променада | Панорама | DW | 06.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Лебеди на променада

Водостојот на реките Рајна, Мозел, Дунав и Некар на викендов натамошно ќе се качува, на одредени делници речниот сообраќај е прекинат, а се стравува и од поплави.

Повеќе реки во Германија надојдоа по обилните дождови со кои минатава недела беше проследна бурата Елеонор/Бурглинд, која беснееше во Европа. Водостојот на реките Рајна, Мозел, Дунав и Некар на викендов натамошно ќе се качува, а на одредени делници речниот сообраќај е прекинат. Реките на повеќе места се излеани од речните корита, поплавени се повеќе крајбрежни објекти. На #ФотографијаНаДенот: лебеди пливаат по поплавеното шеталиште покрај Рајна во Лојтесдорф, покраината Рајнланд Пфалц.

 

Реклама