1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Куќа со бршлен

2 јули 2022

Бршленот е омилен и практичен „накит“ за фасадите - во Германија го има на многу објекти, како оваа куќа во Дирментинген.

https://p.dw.com/p/4DYUX
BdTD Deutschland | Haus mit Efeu in Dürmentingen
Фотографија: Thomas Warnack/dpa/picture alliance

Многу сопственици на куќи сакаат бршлен на фасадата затоа што сметаат дека тој го прави објектот посебно убав. Бршленот истовремено им пружа и животен простор на инсектите и птициите, а на објектот му дава и дополнителна изолација.

Но, бршленот носи и проблеми. Ако се остави да расте „диво“, може да предизвика штети на куќата. Затоа мора редовно да се „има на око“. Освен тоа, бршленот се шири со тоа што со своите корени практично се лепи за фасадата, па неговото отстранување не оди лесно.