Фотографија на денот: Кула од аспарагуси | Панорама | DW | 13.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Кула од аспарагуси

Германците негуваат посебна љубов кон аспарагусот. Годинава тие можат да им се радуваат на јадењата со омилениот зеленчук многу порано од вообичаеното.

Сезоната на аспарагус во Германија годинава започна многу рано. На овој зеленчук му одговараат сонце и топлина, а тоа оваа пролет има доволно. Од друга страна , екстремно топлото лета минатата година би можело да го намали годинешниот род. Германија е најголем произведувач на аспарагус во Европа и во минатата година извезе речиси 130 илјади тони. Најголем светски производител е Кина.

 

Реклама