Фотографија на денот: Крај на Светскиот самит за климата | Панорама | DW | 18.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Крај на Светскиот самит за климата

Во Бон заврши Конференцијата за климата. До последен момент се спореше околу парите кои богатите земји треба да им ги дадат на сиромашните за заштита на климата. На крај е постигнат договор.

Светската конференција за климата постигна чекор напред во реализирањето на Парискиот договор. По двонеделни преговори, финишот на климатскиот самит во Бон се оддолжи цела ноќ. До последен момент се спореше околу парите кои богатите земји треба да им ги дадат на сиромашните за заштита на климата и справување со последиците од климатските промени. На крај е постигнат договор околу спорните финансиски прашања. На #ФотографијаНаДенот: неколку учесници во кратките паузи од маратонските ноќни преговори пред плакат во павилјон на една од земјите-учеснички.

 

DW.COM

Реклама