Фотографија на денот: Крава со ВР-очила | Панорама | DW | 30.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Крава со ВР-очила

Руските крави во иднина би требало да продуцираат повеќе млеко со помош на очила за виртуелна реалност и дигитални слики од зелени ливади.

Животните, со помош на симулирани полјани и зеленило, можат подобро да се опуштат во текот на студената руска зима. Министерството за земјоделство во Москва смета дека на тој начин ќе го поттикне производството на млеко. Прототип на очилата веќе се тестира на една фарма во близина на рускиот главен град.

Реклама