Фотографија на денот: Костен | Панорама | DW | 27.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Костен

Костенот (Castanea sativa) е прогласен за дрво на 2018 година во Германија.

Костенот може да достигне висина до 30 метри, а плодови дава дури по 25 години. Дрвото е едно од најтрајните видови дрва во Европа и до денес се употребува за колци во германските лозја. Плодовите со векови биле важен составен дел од исхраната на сиромашните на југот на Европа, сѐ додека не биле заменети со компирите. Дрво на годината се прогласува од 1989 година, а акцијата е резултат на иницијативата на друштвото за заштита Германска шума. 

 

Реклама