Фотографија на денот: Корона-хигиена во лифт | Панорама | DW | 05.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Корона-хигиена во лифт

Како да се потсетат луѓето дека поради коронавирусот не би требало со голи прсти да ги стискаат копчињата во лифтот?

Куќниот совет на една станбена зграда во индиската метропола Мумбаи со навистина досетливо решение за превенција на ширењето на коронавирусот се грижи за почитување на правилата за хигиена во лифтот на зградата.

Сунѓер на кој се забодени дрвени чепкалки за заби е залепен во внатрешноста на лифтот. Секој кој влегува во лифтот треба со чепкалката да го притисне копчето на катот на кој треба да оди. Чепкалките се разбира се за само една употреба.

Реклама