Фотографија на денот: Колачи за Курбан Бајрам | Свет | DW | 31.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Колачи за Курбан Бајрам

Кога е празник, трпезата, по можност, треба да е богата. Овој човек подготвува печива за Курбан Бајрам во мала традиционална пекарница во Кабул.

Во Авганистан поради големиот исламски празник денеска на сила стапи тридневен прекин на огнот. Граѓаните се надеваат дека тој ќе продолжи, со оглед на најавите на претседателот Ашраф Гани и на талибанците дека веднаш по празникот имаат намера да почнат со мировни разговори. Ова е трет официјален прекин на огнот во Авганистан во текот на 19-те години војна.

Реклама