Фотографија на денот: Клуч за среќа | Панорама | DW | 31.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Клуч за среќа

„Клуч за среќа“ - пишува на оваа анонимна инсталација на дрво во гратчето Лих, Германија.

Дали токму овој клуч, закачен на шешир, кој во меѓувреме е обложен со дебел мов, е вистинскиот за да ја отвори портата на среќата, не знаеме. Но, на крајот на годината посакуваме наредните 12 месеци да бидат посреќни од изминатите.

Психологот и истражувач на среќата, Тобијас Рам, од Универзитетот Брауншвајг, смета дека короната нема трајно да и' наштети на среќата на луѓето. Напротив, таа може да биде дури и дополнителен мотив за да се преиспитаме што не' прави среќни. „Веројатноста луѓето од криза да излезат посилни е поголема отколку веројатноста дека ќе развијат депресии и стравови“, вели психологот. Вистински зборови на крајот на годината на пандемија.