Фотографија на денот: Кловн трагичар | Панорама | DW | 16.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Кловн трагичар

Музичкиот фестивал во австрискиот Брегенц на Боденското езеро е познат по спектакуларните опери и сценографии.

Новата поставка на операта „Риголето“ премиера во Брегенц има неделава. „Мозокот“ зад неа е режисерот и сценограф Филип Штецл. Тој осмисли кулиси со монументална кловновска глава и огромни дланки. Но без оглед на оваа циркуска инсценација „Риголето“ и овојпат како впрочем и секојпат завршува трагично...

Реклама