Фотографија на денот: Климата не се чува со трошки! | Свет | DW | 20.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Климата не се чува со трошки!

Додека светот протестира против промените на климата и бара нејзина заштита, во Канцлерамтот во Берлин во тек е мамутска седница околу мерките за заштита на климата во Германија.

Коалициските партнери ЦДУ, ЦСУ и СПД преговараат цели 14 часа, а спорни се повеќе работи. Меѓу нив и во каква форма треба да се воведе обврската за плаќање за емисии на јаглерод диоксид. Германската влада сака со пакетот мерки за заштита на климата да ја постигне целта - до 2030 година да го зголеми уделот на еко-енергија на 65%. Во моментов енергијата од обвновливи извори има удел од 38%. И додека политичарите преговараат, пред кабинетот на канцеларката лежи огромен протестен плакат со фотографии на министерката за одбрана и шефица на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер, и на канцеларката Ангела Меркел. На него, во знак на протест против недоволните мерки кои се преземаат досега, стои: „Доста е со трошки“! 

 

Реклама