1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина „процутува“

СН/ агенции
27 март 2019

Јапонска традиција од 12. век е со фестивал на црешовите цветови да се слави почетокот на пролетта. Но на раскошот на расцветаните цреши не можат да му оддолеат ниту Кинезите.

https://p.dw.com/p/3Fhkt
BdTD Kirschblüten
Фотографија: Reuters

Така секоја година на почетокот на пролетта, илјадници луѓе се собират под крошните на штотуку процутените цреши за да уживаат во нивната убавина. Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во една алеја со црешови дрва во близина на будистичкиот храм во Нанџинг, главен град на провинцијата Џијангзу во источна Кина.