Фотографија на денот: Ким Јонг Ун пристигна во Ханој | Свет | DW | 26.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Ким Јонг Ун пристигна во Ханој

Виетнамски војници во строј го пречекуваат возот со кој севернокорејскиот лидер Ким Јонг Унг допатува во Виетнам.

#ФотографијаНаДенот е направена во градот Донг Данг на кинеско-виетнамската граница. Од Донг Данг, каде беше пречекан со воени почести, Ким се префрли на патување со автомобил до Ханој, каде утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој е исто така на пат за Виетнам, но со својот претседателски авион. Пред поаѓање Трамп на Твитер напиша дека очекува „многу продуктивен самит“.

Ким и Трамп, според информациите од Белата куќа, прво утревечер ќе имаат заедничка вечера, а разговорите се предвидени за четврток.

Реклама