Фотографија на денот: Катастрофални поплави во Германија – десетици исчезнати | Информации и анализи за Германија | DW | 15.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Фотографија на денот: Катастрофални поплави во Германија – десетици исчезнати

Големо невреме предизвика хаос во Германија. Во местото Шулд во Рајнланд-Пфалц поради поплави се урнале шест куќи, во Арвајлер луѓето се спасувани од покривите, загинаа четири лица, како и двајца пожарникари

Невремето и обилните дождови посебно ги погодија покраините Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, но и Баден Виртемберг, Баварија и Саксонија. Улиците во повеќе населени места се под вода, што на места целосно ја оневозможува интервецијата на екипите на противпожарната служба и на службите за медицинска помош. Од поплавите се заканува уривање на повеќе куќи, некаде водата е стигната до покривите. Во општината Арвајлер е прогласена вонредна состојба поради природна непогода, повеќе населби се отсечени од светот, се јавува за четири жртви. Повеќе лица се водат за исчезнати, се споменува за 30 , но точниот број не се знае.  При акции за спасување во округот Меркиш смртно настрадале и двајца пожарникари.

Deutschland | Unwetter in Erkrath

Улици под вода во Еркрат, заглавени автомобили

Deutschland | Unwetter in Nordrhein-Westfalen

Вупер се излеа во Вупертал, повеќе куќи морале да бидат евакуирани

Deutschland | Unwetter in Altena

Лизгање на земјиштето во Алтена поради поројните дождови