Фотографија на денот: Карневалското славје може да почне | Панорама | DW | 08.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Карневалското славје може да почне

Вакви сцени денеска ќе има во изобилство не само во Келн како на оваа #ФотографијаНаДенот туку и во другите градови по должина на реката Рајна, Мајнц, Бон, Диселдорф...

Илјадници луѓе во маски ќе ги преплават улиците со добро расположение и хектолитри пиво прославувајќи го стартот на таканареченото „петто годишно време“ денеска точно во 11 часот и 11 минути. Воздржаните Германци како по наредба се претвораат во парти-ѕверки за време на карневалските прослави кои ќе траат во наредните пет дена.  Славјето традиционално доживува кулминација во понеделник на т.н Розенмонтаг, кога низ градовите минува централната карневалска поворка. 

DW.COM

Реклама