Фотографија на денот: Карневалска „пресметка“ со политичарите | Панорама | DW | 24.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Карневалска „пресметка“ со политичарите

Со Розенмонтаг денеска кулминира карневалското расположение во Рајнската област во Германија. На уличните карневали во традиционалните карневалски упоришта Келн, Диселдорф и Мајнц се очекуваат стотици илјади посетители.

Можно е карневалската сатира оваа година да биде пополитичка од обично. „На заб“ се политичарите од светската сцена, но и домашните, нема да биде одминат ни неодамнешниот расистички напад во Ханау. На #ФотографијаНаДенот се карневалските фигури кои ќе продефилираат низ Келн под наслов „Светски дрвени глави“, а ги претставуваат кинескиот претседател Ши Џинпинг, британскиот премиер Борис Џонсон, рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Конг Ун.

Вчера поради невреме проследено со силен ветар и дожд, во Келн и Диселдорф беа откажани карневалските поворки, надежта е дека времето денеска ќе им биде понаклонето на карневалистите.

DW.COM

Реклама