Религија
Капење во ледени езерски води на Водици
19 јануари 2022Реклама
Православните христијански верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, во спомен на денот кога Јован Крстител на реката Јордан го крстил Исус Христос.
Ширум С. Македонија на овој ден црковните свештеници го извршуваат големиот водосвет, во реките и водите се фрлаат крстови, а се верува дека оној што ќе го фати светиот крст, ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Водата, која на Водици ја осветува свештеник, до празникот во следната година се смета за света и лековита. Овие православни верници во Вилнус, Литванија, се нурнале во ледената езерска вода уште ноќеска, веднаш по полноќ.