Фотографија на денот: „Капетанот Кирк“ повторно во вселената | Панорама | DW | 14.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: „Капетанот Кирк“ повторно во вселената

Како „Капетан Кирк“, Вилијам Шeтнер долго командуваше со вселенскиот брод Ентерпрајз. Сега иконата на „Ѕвездени патеки“ всушност беше во суборбитална мисија- со што стана најстарата личност што некогаш била во вселената.

Вилијам Шетнер во капсулата „Њу Шепард“

Вилијам Шетнер во капсулата „Њу Шепард“

За краток момент, научната фантастика речиси стана реалност: Иконата на телевизиската серија „Ѕвездени патеки“ Вилијам Шетнер навистина за првпат стигна до вселената. 90-годишниот канадски актер  во вселенската капсула „Њу Шепард“ на компанијата Блу Ориџин на основачот на Амазон, Џеф Безос, од пустината во Тексас полета на десетминутен излет во вселената.  Шетнер, кој стана прочуен по улогата „Капетан Кирк“ на вселенскиот брод „Ентерпрајз“, со тоа е најстариот астронаут во историјата.

Во сино астронаутско одело за летање, Шетнер се качи во целосно автоматизираната капсула заедно со тројца сопатници. Целта на вселенскиот брод беше да достигне висина од 106 километри - односно шест километри над таканаречената „Карманова линија“, која, кога погледнато од Земјата, го означува почетокот на бесконечното пространство на вселената. Капсулата потоа слета со падобран во пустината.