Фотографија на денот: Какво ќе биде времето? | Панорама | DW | 16.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Какво ќе биде времето?

Како ќе стартува актуелниот светски првак на Мундијалот во Русија? Ова е најважното прашање кое си го поставуваат Германците спроти утрешниот меч меѓу Германија и Мексико во Москва.

Второто и само за нијанса помалку важно е: Какво ќе биде времето во Германија? Жештина и жега на една, невреме и пороен дожд на друга страна. Во изминатите недели екстремните временски услови ги одбележуваа деновите не само во Македонија туку и во Германија. Но како ќе биде утре на мундијалскиот старт на Германија, со оглед дека голем број Германци, се подготвуваат, да го проследат мечот на отворено. Во поголем дел од земјата, за жал се прогнозира дожд и невреме, а на навивачите во западните делови на Германија веројатно ќе им се посреќи сонце :). 

 

Поврзана содржина

Реклама