Фотографија на денот: Казна од илјада евра за неносење маска | Свет | DW | 27.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Казна од илјада евра за неносење маска

Со драстични казни во борба против короната - оној кој во италијанскиот регион Кампанија не носи маска во затворени простории и во јавниот сообраќај, ризикува казна од илјада евра.

Првите остри казни се веќе изречени на сопственици на бар и фризерница во Салерно, јавија италијанските медиуми. Трговците кои нема да ја спроведуваат обврската за носење маски, ќе бидат соочени и со затворање на дуќаните во период од 5 до 30 денови. Властите во Кампанија стравуваат дека без драстични мерки, бројките на заразени со коронавирусот можат повторно да се вивнат во височина. До викендот во Италија од Ковид-189 починаа над 35 илјади луѓе, а со вирусот се инфицирани над 245.000 лица.

Реклама