Фотографија на денот: И Оскарот ќе доцни поради коронавирусот | Панорама | DW | 16.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: И Оскарот ќе доцни поради коронавирусот

Дури и најважното трофејно шоу во Холивуд не е поштедено од пандемијата. Доделувањето на Оскарите во 2021 ќе биде поместено од февруари во април. Ова им дава повеќе време на режисерите да ги завршат нивните филмови.

Поради пандемијата на коронавирус, доделувањето на најпрестижните филмска награди во светот во наредната година ќе биде одложено,  соопшти Американската филмска академија. Наместо на планираниот датум 28-ми февруари, сега е предвидено  93-та гала-вечер на доделување на Оскарите да се одржи на 25 април. Номинациите за најважната филмска награда во Холивуд треба да бидат објавени на 15 март.

Филмовите треба да бидат завршени

Со одложувањето на Оскарот, на режисерите треба да им се даде можност да го завршат снимањето своите филмови и да ги прикажат во кината, се вели во соопштението на Академијата. „Шоуто следната година е „историски момент“ за обединување на љубителите на филмот низ целиот свет преку филмската уметност. Со тоа не треба да се брза“, нагласуваат во Академијата

.

Поради вирусот, повеќето филмски продукции се запрени уште од март а кината низ целиот свет се затворени. Академијата неодамна објави дека за претстојните Оскри  ќе бидат номинирани и филмови кои никогаш не биле прикажани во кино-салите, туку можат да се видат само преку стриминг- порталите. Вообичаено, филм мора да биде прикажан во кино во Лос Анџелес најмалку седум последователни дена за да има право на номинации за филмска награда.  

Гледај видео 00:39

За „Медена земја“ знаат и во селата во Пацификот