Фотографија на денот: Историски студ во САД | Свет | DW | 31.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Историски студ во САД

Големи делови на САД се во канџите на огромниот студ.

Во текот на ноќта температурите се спуштија и до минус 40 степени Целзиусови, кои во Минесота се чувствуваа како минус 54 степени. Во Чикаго е постудено отколку во делови на Антартикот. Причина за екстремниот студ е арктичкиот воздух кој се одвои од т.н. поларен вител, кој вообичаено кружи околу северниот пол. Според некои тези, вина за одвојувањето на воздухот е затоплувањето на климата. Имено, кога поларниот вител ослабнува, воздухот од пониските слоеви може да се одвои.

На нашата #Фотографија на денот реката Чикаго, која е речиси сосема замрзната.

Реклама