Фотографија на денот: Илјада балони за корона-жртвите во Бразил | Панорама | DW | 10.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Илјада балони за корона-жртвите во Бразил

Бразил премина стравичен праг – бројот на смртни случаи како последица на коронавирус се искачи на над 100.000. Со тоа Бразил стана втора земја по погоденост од пандемијата на Ковид-19 во светот, по САД.

Роднините на починатите поставија 100 крстови и 1.000 црвени балони на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро во спомен на жртвите на коронавирус. Комеморацијата ја организираше невладината организација „Рио де паз“, а балоните симболично беа пуштени на небото.

 

 

Реклама