Фотографија на денот: Изборите во Германија завршија, доста со реклами! | Информации и анализи за Германија | DW | 28.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Фотографија на денот: Изборите во Германија завршија, доста со реклами!

Мнозинството од Германците би сакале т.н. семафор-коалиција во Германија.

Во црвено-жолто-зелената коалиција би влегле победничката партија на изборите СПД, како и Либералите и Зелените. Истражувањето на Инфратест Димап, еден ден по парламентарните избори во земјата, направено за АРД, покажува дека за семафор-коалиција се 55% од испитаниците. За втората коалиција која доаѓа предвид по изборите, т.н. Јамајка-коалиција, составена од партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), Либералите и Зелените, се залагаат 33% од испитаниците.

Што се однесува до кандидатите за канцелар, 62% од испитаниците сакаат канцелар да биде Олаф Шолц (СПД), додека 16% се за Армин Лашет (ЦДУ/ЦСУ).

И, додека партиите и нивните кандидати за канцелар се во рана фаза на сондирачки разговори за коалиција, од улиците почнуваат да исчезнуваат големите плакти со нивните лица и пораки. Изборите завршија пред цел еден ден, време е.