Фотографија на денот: Знамето на НАТО пред македонскиот парламент | Северна Македонија | DW | 12.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: Знамето на НАТО пред македонскиот парламент

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ќе го потпише указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор откако тој вчера едногласно беше усвоен од страна на Собранието.

Оваа #ФотографијаНаДенот е белешка за историскиот момент кога припадниците на почесната гарда го креваат знамето на НАТО за време на свечената церемонија пред зградата на парламентот во Скопје, откако пратениците го ратификуваа протоколот за пристапување на земјата кон НАТО.

За ратификацијата гласаа 114 од вкупно 120 пратеници а немаше гласови против ниту пак воздржани.  Овој финален документ за полноправно членство на земјата во НАТО ќе започне да важи откако Шпаниј, како последна членка на Алијансата ќе го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, што се очекува да се случи во март.

Повеќе:

-Знамето на НАТО ќе се развее пред македонското Собрание

-Членството во НАТО како утешна награда за Северна Македонија

Земјата го започна процесот на пристапување во НАТО во втората половина на 2018 година, откако доби покана на самитот на Алијансата во Брисел на 12 јули истата година да стане членка на најмоќната воено-политичка алијанса во светот.
Протоколот за пристапување во НАТО  беше потпишан во седиштето на Алијансата во Брисел во февруари 2019 година и досега е ратификуван од 28 држави, додека Шпанија го започна процесот, по формирањето на својата нова влада, но поради неговата сложеност нема да биде завршен пред распуштањето на парламентот во Скопје.

DW.COM

Реклама