Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Индиски бизнисмен се обидува да се заштити од заразување со коронавирусот на екстравагантен и скап начин.
Индија е на третото место на листата на најпогодени земји од коронавирусот со преку 700 илјади инфицирани лица. Посебно погоден е градот Пуне. Локалниот бизнисмен Шанкар Курхаде ја почитува мерката за носење на заштитна маска со доза на екстраваганција. Неговата маска е направена од злато, тешка е 50 грама и чини 3870 американски долари.