Фотографија на денот: „Златен“ октомври | Панорама | DW | 13.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: „Златен“ октомври

Германија годинава доби „летен додаток“ - среде октомври владеат температури на летно ниво.

Доцното топло време викендов се очекува да резултира температурни рекорди до 29 степени Целзиусови, што според Германската метеоролошка служба би била највисока вредност измерена на 13. октомври од почетокот на бележењето на временските прилики во земјата. Најтопло на овој ден било во 2001. година во Рајнланд Пфалц, во Дојзелбах- 27,8 степени. Апсолутниот рекорд во октомври инаку изнесува 30,9 степени, измерени на 7. октомври 2009. година во Милхајм. На нашата #ФотографијаНаДенот - една жена на нишалка ужива во топлите зраци на октомвриското сонце и планинската панорама во Берхтесгаден, Баварија.

 

Реклама