Фотографија на денот: Зимски поздрав во септември | Панорама | DW | 28.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Зимски поздрав во септември

Часовниците во Германија се уште отчукуваат според летното сметање на времето, метеоролошки пак штотуку започна есента. А во Баварија? Во многу места во оваа германска покраина веќе владее зимска идила.

Од лето директно во зима. Германија за викендот доживеа вистински температурен шок со падна на дневните температури до 14 степени. Посебно впечатлива оваа временска промена беше на баварските Алпи каде што падна првиот снег и тоа не само во познатите зимски одморалишта како Гармиш Партенкирхен. Оваа #ФотографијаНаДенот со веројатно првиот снешко годинава е направена во местото Ленгрис на баварските Алпи.