Фотографија на денот: Земјата сѐ посилно се загрева | Панорама | DW | 07.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Земјата сѐ посилно се загрева

Оваа #ФотографијаНаДенот не е направена во савана во Африка туку во Германија за време на минатото рекордно топло лето. Вакви збунувачки пејсажи во изминатите години зачестија и се повеќе од доволна причина за аларм.

Изминатите четири години, според ОН биле најтопли од почетокот на мерењето на температурите. Од 1880 година, температурите се мерат систематски и глобално. И никогаш порано немало период со толку многу рекордни температури. Според Светската метеоролошка организација, порастот на температурата на копно и во океаните од 2015 до 2018 година бил исклучително висок. И погледот кон еден поголем временски период нуди вчудовидувачки заклучоци. Во изминатите 22 години, имено се забележани и дваесетте најжешки години, порача во Женева генералниот секретар на оваа организација во рамките на ОН, Петери Талас. За научниците ова е јасен знак дека климатските промени незапирливо продолжиле и оти нема вистински напредок во заштитата на климата.

DW.COM

Реклама