Фотографија на денот: За победа, на Бајден му е потребна уште една држава | Свет | DW | 05.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: За победа, на Бајден му е потребна уште една држава

Со освојување на гласовите во клучните држави Мичиген и Висконсин, претседателскиот кандидат Џо Бајден значително ги подобри шансите да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп, но крајниот исход уште е неизвесен

Се очекува резултатот од сојузната држава Невада, која на Бајден би му  донесла 6 електорски гласови и би значела одлучувачки чекор до потребните 270 за влез во Белата куќа. Според медиумите, Бајден досега има 264, а Трамп 214 електорски гласови.

Бајден настапи победнички и полн оптимизам во Делавер: „Веруваме во победа кога ќе бидат пребројани сите гласачки ливчиња", изјави Бајден.

US Wahl 2020 Wisconsin Stimmenauszählung

Пребројување на гласовите стигнати по пошта во Висконсин

Истовремено, изборниот тим на претседателот Доналд Трамп води битка со помош на правни средства, во Висконсин сака да издејствува наново пребројување на гласовите, а со тужби да го запре натамошното броење гласови во Мичиген, Џорџија и Пенсилванија. На Твитер Трамп обвини за наводно „исчезнување" на републиканските гласови на избирачите, без да презентира докази.

 

Реклама