Фотографија на денот: Запленети јагули | Панорама | DW | 05.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Запленети јагули

Оваа јагула, која сега среќно плива во водите на Рајна, со околу 5000 други јагули беше „ослободена“ од куферот на една Малезијка на аеродромот во Франкфурт.

Имено, жената се обидела да ги прошверцува јагулите во својот куфер, во пластични кеси полни со вода, сместени во кутии од стиропор. Од каде потекнуваат јагулите засега не е јасно. Се претпоставува дека се уловени во југозападна Европа. Јагулите во Азија се продаваат по многу високи цени, поради тоа што важат за деликатес и се смета дека помагаат за зголемување на потенција. Во Германија еден килограм јагули чини околу 400 евра, додека во Азија може да се добијат помеѓу 3.000 и 5.000 евра за килограм. За да се извезуваат јагули е неопходна дозвола. Сепак, Малезијката нема да биде казнета, поради тоа што во моментот кога јагулите се пронајдени во нејзиниот куфер, таа веќе била на пат од Франкфурт за Виетнам.

 

Реклама