Фотографија на денот: Замина бунтовникот во седло  | Панорама | DW | 17.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Замина бунтовникот во седло 

Питер Фонда никогаш не ја достигна славата на неговиот татко Хенри и сестрата Џејн, но ќе остане запаметен по улогата во легендарниот филм „Голи во седло“ (Easy rider). 

Филмот од 1969 година го направи Фонда идол на хипи-движењето и херој на новиот Холивуд. Со екипа која ја сочинуваа и Денис Хопер и Џек Николсон, филмот уриваше рекорди во кино-салите. 
Питер Фонда почина во 79. година од животот од рак на белите дробови. 
Зад себе остави стотици други филмски остварувања. Неговиот последен филм- критика на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон бегалците- треба да биде прикажан во текот на годинава.  

DW.COM

Реклама