Фотографија на денот: Епидемијата во Кина попушта | Панорама | DW | 11.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Епидемијата во Кина попушта

Нареден според боите на болничките униформи, медицинскиот персонал на привремена болница во жариштето на епидемијата на коронавирусот во Вухан го слави затворањето на установата.

Во регионот Хубеи беа подигнати 16 привремени болници. Во милионскиот кинески град Вухан дел од претпријатијата, оние кои се важни за глобалните индустриски синџири, повторно почнуваат со работа со претходна согласност од властите.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг завчера ја посети кризната провинција Хубеи и истакна дека епидемијата таму во значителна мерка е сузбиена. Во Кина досега се регистрирани 81.000 инфицирани со коронавирус и 3160 смртни случаи, но во последните денови бројот на новозаразени опаѓа. Преку 61.000 од заболените ги напуштиле болниците.

Реклама