Фотографија на денот: Екстремни горештини во делови на Европа | Панорама | DW | 03.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Екстремни горештини во делови на Европа

Делови од Европа се „топат“ поради огромните температури

Во Германија неделава е забележан рекордно најтоплиот ден ова лето - 39,5 степени и, како што стојат работите, разладување не е на повидок. За денеска се најавува нов екстремно топол ден, а така ќе биде и за време на викендот. Италија вклучи аларм за предупредување, а во Португалија на граѓаните им се препорачува да излегуваат на отворено во текот на викендот.

Зовриен е не само воздухот, туку и водата. Балтичкото Море достигна температура речиси како Средоземното. Неговиот брег е преполн со туристи, а на плажите,  како што докажува и нашата #ФотографијаНаДенот, нема каде игла да се фрли.

 

Реклама