Фотографија на денот: Домати во вселената | Панорама | DW | 04.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Домати во вселената

На нашата #ФотографијаНаДенот денеска - домати во оранжерија. Овие домати сега ќе раснат во вселената.

Германскиот сателит за тестирање оранжерии во вселената Еукропис беше лансиран од воена база во Калифорнија. Тој носи два биолошки системи за одржување живот. Мисијата на Еукропис би требало да резултира со раст на мали вселенски домати и да донесе важни сознанија за снабдувањето со храна на астронаутите во текот на некои идни долгорочни мисии на Месечината и на Марс. Сателитот е изграден од Германскиот вселенски центар ДЛР и универзитетот Ерланген-Нирнберг.

 

Реклама