Фотографија на денот: Дијаманти како алат | Панорама | DW | 18.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Дијаманти како алат

Локомотива од чисто злато влече неколку вагони со сафири, смарагди и рубини - скапоцениот модел на железницата е дело на уметникот Манфред Вилд од Идар-Оберштајн, човекот кого го нарекуваат „златарот на кралевите“.

Меѓу неговите „муштерии“ се вбројуваат и кралицата Елизабета Втора, шпанскиот крал Фелипе, кралот на Брунеи или султанот на Оман.

На креацијата од нашата #ФотографијаНаДенот Манфред Вилд работеше три години. Во Идар-Оберштајн, каде живее и работи Вилд, има околу 450 претпријатија за обработка на скапоцени камења, со околу 2500 вработени.

Реклама