Фотографија на денот: Ден на македонското востание | Северна Македонија | DW | 11.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: Ден на македонското востание

Честит Денот на македонското востание - 11 Октомври!

Востанието почна на 11 октомври 1941 година со нападот на Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок, а следниот ден, на 12 октомври, оружјето го кренаа и партизаните од Кумановскиот одред. Со тоа Македонија се приклучи на антифашистичката коалиција. 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во своето обраќање по повод празникот оцени дека „благодарение на внатрешното единство на народот и цврстата надворешна врска со клучните земји во антифашистичкиот сојуз, таа славна генерација успеа да се избори за македонската слобода и државност“.

„Ние сме вечни должници на таа генерација учесници во големото народно востание. Затоа е нужно да бидеме свесни за нашата одговорност во чувањето на државата и слободата извојувана пред многу години. Тоа е возможно само ако го следиме нивниот пример и ја преземеме нашата генерациска одговорност. Преку граѓанско помирување и солидарност да постигнеме внатрешно единство ако сакаме да ја реализираме нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна и просперитетна држава – членка на НАТО и на Европската Унија“, оцени Пендаровски.

По повод државниот празник денеска свечености ќе се одржат во Куманово, Прилеп и Скопје.

Реклама