Фотографија на денот: Ден на борба против сидата | Свет | DW | 01.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Ден на борба против сидата

Денешната #ФотографијаНаДенот доаѓа од Непал. Сида-панделката од свеќи е поставена на манифестација по повод Светскиот ден за борба против сидата - први декември.

Во светот со вирусот ХИВ живеат околу 36,9 милиони луѓе, од кои 1,8 милиони деца. Само 58,8% од нив имаат пристап до лекови. Со речиси 44% од сите ХИВ-новоинфицирани источна и јужна Африка се најмногу погодени. Бројот на нови инфекции е значително зголемен и во источна Европа и централна Азија - само во 2017 година имало 130.000 нови инфекции.

Светскиот ден за борба против сидата се одбележува секоја година. Целта е луѓето да се сензибилизираат колку е важен соживотот без предрасуди и изолација и да се покаже дека сите може да живеат почитувајќи се едни со други.

 

Реклама