Фотографија на денот: Дакар 2019 | Панорама | DW | 10.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Дакар 2019

Почетокот на годината традиционално донесува вистинска „закуска“ за љубителите на авто-мото спортот. Најтешкото рели во светот Дакар годинава се вози во јужноамериканската држава Перу.

Со 5000 километри и 10 етапи Дакар 2019 е досега најкраткото рели од оваа серија на сите времиња. Тоа не значи дека задачата за возачите ќе биде полесна. Имено годинешното Дакар рели се вози главно во перуанската пустина. Како што може да се види на оваа #ФотографијаНаДенот таа во нејзината „суровост“ воопшто не заостанува зад најголемата пустина во светот Сахара. Фотографијата е направена за време на втората етапа на годинешната рели-авантура, која се возеше меѓу перуанските места Писко и Дан Хуан де Маркона. Денеска инаку на програмата е четвртата етапа на Дакар 2019. 

 

Реклама