Фотографија на денот: Гори бегалскиот камп Морија | Свет | DW | 09.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Гори бегалскиот камп Морија

Најголемиот европски камп за бегалци е во пламен. Кампот Морија на грчкиот остров Лезбос е делумно евакуиран.

Се' уште не е познато дали има загинати и повредени. Според наводи на противпожарната служба, во кампот беснеат неколку пожари, а огнот се шири уште повеќе од ветрот кој дува со брзина од 70 километри на час. На пожарите им претходеа немири во преполниот камп, каде се сместени над 12.000 бегалци. Причина за немирите е одлуката кампот да се стави во карантин, откако таму минатата недела беше регистриран првиот случај на заболен од коронавирус. Во меѓувреме бројот на инфицирани се искачи на 35. Дел од мигрантите сакаат да го напуштат кампот поради страв од зараза.

Реклама