Фотографија на денот: Големи ерупции на Стромболи | Панорама | DW | 04.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Големи ерупции на Стромболи

Стромболи, пред брегот на Италија, е еден од најактивните вулкани во светот и туристички магнет. Две силни ерупции предизвикаа страв и паника кај мештаните и туристите

Изгледа спектакуларно, но како и секоја голема вулканска ерупција така и овие последните на Стромболи во прв ред значат голема опасност. Еден турист од Сицилија кој се искачувал на вулканот загинал откако бил погоден од камења кои биле исфрлени во воздухот по ерупцијата. 
900 метри високиот вулкан Стромболи на истоимениот остров припаѓа кон најатктивните вулкани во светот, Тој се наоѓа на околу 100 километри северно од брегот на Сицилија. Само околу 500 луѓе живеат постојано на островот, меѓутоа секое лето доаѓаат и многу туристи. 

DW.COM

Реклама