Фотографија на денот: Глобални ученички протести за заштита на климата | Свет | DW | 16.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Глобални ученички протести за заштита на климата

Младите ширум светот го кренаа гласот против климатските промени. Учениците во преку 2000 градови во светот ја напуштија наставата за да протестираат за поголема свест кај возрасните за заштита на климата.

Демонстранции кои се одржаа под мотото „Петоци за иднината“ имаше во преку 120 земји. Учениците апелираа до одговорните навистина да дејствуваат против климатските промени, предупредувајќи ги дека со недејствување ја уништуваат нивната иднина.

Повеќе:

-Петоци за иднината: протести на ученици во речиси 100 земји

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во Монтреал, Канада, каде се одржа еден од најмасовните протести во рамките на глобалниот ученички штрајк за климата инспириран од протестот на 16-годишната ученичка од Шведска Грета Турнберг. Таа од овгуст минатата година секој петок излегува на протест пред зградата на парламентот во Стокхолм и бара од владата намалување на емисиите на штетни гасови. Во глобалната акција се приклучија и младите од Скопје.  

 

DW.COM

Реклама