Фотографија на денот: Главниот град на лавандата | Панорама | DW | 28.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Главниот град на лавандата

На почетокот на август почнува бербата на цветовите на лавандата во Прованса. Полињата со лаванда во различни лила нијанси ги фасцинираат не само посетителите на регионот во јужна Франција.

Цветовите на лавандите се магнет и за инсектите како овие пеперутки на оваа #ФотографијаНаДенот направена на едно поле со лаванди во местото Сол, кое се гордее со титулата „главен град на лавандата“. Лавандите во Прованса почнуваат да цветаат од крајот на јуни и почетокот на јули. Се одгледува главно  сортата Лавандин, која обезбедува висок принос на есенцијално масло. Маслото се користи за производство на сапуни и детергенти, како и за индустриското производство парфеми. Исушените цветови долго време шират интензивен мирис.

 

Реклама