Фотографија на денот: Во шарени костуми во длабок снег | Панорама | DW | 08.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Во шарени костуми во длабок снег

Поради снежното невреме во делови во Баварија е прогласена состојба на катастрофа. Обилните снежни врнежи предизвикаа хаос но тоа не спречи многу деца да му се израдуваат на снегот и да ги испочитуваат традициите.

Sternsinger или „Ѕвездени пејачи“ е католичка традиција слична, може да се каже слична на коледарската, во која момчиња костумирани како Трите Свети крала од Божик па сѐ до 6 јануари пејат од дом до дом и собираат пари за добротворни цели. И можете да претпоставитеколку на децата им е омилена оваа традиција. Впрочем оваа  #ФотографијаНаДенот направена во баварското место Ленгенванг е доказ за тоа. Во шарени костуми овие три „штернсингери“ цел ден му пркосеа на длабокиот снег и ветерот...

DW.COM

Реклама