Фотографија на денот: Во светот има уште милиони неписмени луѓе | Панорама | DW | 08.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Во светот има уште милиони неписмени луѓе

УНЕСКО на денешниот Меѓународен ден на писменоста предупредува: во светот има најмалку 750 милиони аналфабети.

8. септември е Меѓународен ден на писменоста, на што е посветена нашата денешна #ФотографијаНаДенот. УНЕСКО и оваа година потсетува: способноста за читање и пишување е основен предуслов за самостоен живот во сите сфери на животот. Но, оваа можност им е ускратена на најмалку 750 милиони луѓе во светот, од кои две третини се жени, а 102 милиони се деца. Бројот на аналфабети во однос на изминатата година речиси воопшто не е намален

 

Реклама