Фотографија на денот: Во Мека повторно молитва без дистанца | Свет | DW | 18.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Во Мека повторно молитва без дистанца

Во Големата џамија во Мека се повторно дозволени молитви без одржување растојание поради пандемијата.

Првпат по почетокот на пандемијата на коронавирусот, верниците во Големата џамија во Мека смееја да се молат еден до друг, бeз да мора да одржуваат неопходно растојание. „Тоа е во согласност со одлуката за разлабавување на мерките на претпазливост и за овозможување посета на Голема џамија во полн обем“, објави вчера саудиската новинска агенција СПА.

Претходно од подот беа отстранети означувањата со помош на кои се распоредуваа верниците на одредено растојание. Меѓутоа, верниците и натаму мора да носат маски и да докажат дека се целосно вакцинирани. Сѐ уште е затворена и Ќаба, исламското светилиште во форма на коцка во центарот на џамијата.

За аџиите во Саудиска Арабија минатата и оваа година важеа стриктни правила. Поради пандемијата, дозвола имаа само верниците кои имаат престој во земјата. Дозвола за аџилак лани добија само 10.000 верници, додека годинава тој број е 60.000. Во 2019-та, значи годината пред мандемијата, на аџилак отидоа околу 2,5 милиони муслимански верници.