Фотографија на денот: „Војна“ во Чиле | Свет | DW | 23.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: „Војна“ во Чиле

Оваа #ФотографијаНаДенот доаѓа од Чиле - демонстрант со кловновски нос извикува политички пароли пред запалени барикади.

Протестите и незадоволството поради високите животни трошоци не стивнуваат. Во главниот град Сантјаго и други поголеми градови во земјата е воведен полициски час. претседателот Себастијан Пињера зборува за „војна“. Тој вчеравечер најави реформи кои би требало да одат во полза на сиромашните граѓани, како зголемување на минималната плата и поевтини лекови. Освен тоа најавени се и повисоки даноци за богатите и намалување на платите на пратениците и високите државни службеници. Протестите во Чиле беа предизвикани од зголемувањето на цените на метрото во Сантјаго, кое во меѓувреме беше повлечено. Во немирите досега загинаа 15 лица.

Реклама