Фотографија на денот: Воени игри во Казахстан | Панорама | DW | 08.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Воени игри во Казахстан

Во вкупно десет земји во моментов се одржуваат Меѓународните армиски игри (International Army Games). Станува збор за воено-спортска манифестација која е во организација на Русија.

На 5. Меѓународни армиски игри од 3 до 17 август учествуваат вкупно 6000 војници. Тие се натпреваруваат во дисциплини како тенковски биатлон, улични патроли или коњски трки. Меѓу десетте земји каде се одржуваа Игрите е и Казахстан. Оваа #ФотографијаНаДенот е направена на свечената церемонија на отворање во воената база Отар во провинцијата Шамбил.

DW.COM

Реклама