1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виолетово- за сите предвремено родени бебиња

СН/дв
18 ноември 2021

По повод Светскиот ден на предвремено родените деца, бројни знаменитости ширум светот светеа во виолетова боја. Германскиот град Ханау се одлучи за споменикот на браќата Грим.

https://p.dw.com/p/438Sx
BdTD Deutschland | Hanau leuchtet lila zum Weltfrühgeborenentag
Фотографија: Patrick Scheiber/imago images

Во Германија годишно предвремено се раѓаат 63 илјади бебиња. Со тоа тие се најголемата група на пациенти во земјата. Големото оптоварување за децата и за родителите преку предвременото раѓање дополнително се засили поради пандемијата на коронавирусот. Вчерашниот Светски ден на предвремено родените бебиња потсети на тоа со мотото „Никогаш раздвоеени“. Во германскиот град Ханау оваа порака ја ширеа легендарните раскажувачи на бајки- браќата Грим.