Фотографија на денот: Веселинов награден на Берлиналето | Панорама | DW | 12.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Веселинов награден на Берлиналето

Македонскиот актер Благој Веселинов со наградата за најдобри млади актери в рака е јунакот на нашата #ФотографијаНаДенот.

Наградата на Веселинов му беше врачена вчеравечер на Берлинскиот филмски фестивал (Берлинале).

Покрај Веселинов, кој стана познат по улогата во филмот „Исцелител“, наградата ја добија уште 9 млади актери од Данска, Естонија, Германија, Ирска, Исланд, Норвешка, Полска, Србија и Шведска.

Наградите ги врачија режисерката Теона Митевска и актерот од Исланд, Ингвар Сигурдсон.

Од Македонија пред Веселинов, оваа награда ја добија Лабина Митевска во 2009 и Наташа Петровиќ во 2011.

 

Реклама